04
Мар

Простор за растење – проект на на студиото Owl Design

Уште еден интересен проект на дуото Simone Gordon и Sophie Van Winde, основачи на студиото Owl Design со седиште во источен Лондон.

Брифот од нивните клиенти, млада професионална двојка, бил да создадат дом во кој и двајцата ќе можат да уживаат во моментот, простор кој ќе ги отсликува нивните личности и вкусови, а истовремено ќе функционира како практичен и удобен семеен дом. Фокусот бил да се остави простор за промени, кога ќе дојде до создавање на семејство.

Owl Design ја редизајнирале куќата во целост, додавајќи слоеви на боја и текстура за да создадат простори кои се чувствуваат топло и привлечно, а сепак чисти и модерни. Притоа создале совршена позадина за колекција на мебел на сопствениците од средината на XX век, заедно со новите модерни парчиња кои тие помогнале да се набават.

Исто така, дизајнирале и неколку предмети по нарачка, вклучително и заглавје над креветот во спалната соба, метални балустради- индивидуални допири кои додаваат карактер и долговечност на овој прекрасен дом.


Доколку Ви треба помош при на дизајнирање на вашиот дом во современ или     модерен стил (2Д и/или 3Д/рендери)и/или изработка на мебел, побарајте нè.