29
Сеп

Најдобрите фотелји за вашиот дом за 2021 година

Фотелјите честопати се потценети парчиња во дневните и/или спалните соби, но факт е дека имаат големо влијание врз естетиката, удобноста и стилот на еден ентериер. Се обидовме да направиме избор на „најдобрите“ фотелји за 2021 година кои може да се најдат на локалниот македонски пазар. Ова најдобри земете го со резерва, можеби посоодветно би било фотелји кои нам ни се допаѓаат најмногу.

По долгиот работен ден (за оние кои се од 9-17 часот) сè што навистина сакате е да се вратите дома и да се струполите и/или да се опуштите во топлата прегратка на вашата фотелја. Една пријатна фотелја може да биде шлаг на тортата, во случајот во вашата дневна или доколку имате простор – во спалната соба.

Доколку Ви треба дизајн на вашиот дом (2Д и/или 3Д/рендери), како и изработка на мебел за истиот, побарајте нè.

Еден од триковите на внатрешното уредување е можноста да ја поставите фотелја на различни позиции во дневната соба во зависност од примарната намена/функција на истата. На пример, можете да ја поставите под прав агол на софата за непречено да разговарате, или да ја поставите свртена кон телевизорот за оптимално доживување при гледање на омилената серија на Нетфликс или спортски натпревар. Можете исто така да ја поставите подалеку од фокалната точка на собата за да создадете поинклузивен круг.

Дневната соба е најочигледен избор за поставување на фотелја во домот, но таа (фотелјата) може да се постави насекаде низ домот – во секој агол или ходник – за веднаш да даде карактер на некој празен простор. Фотелјата е многу повеќе од акцент, таа може да го претвори просторот и во пријатно катче за читање, односно да му даде содржина и смисол на просторот до/пред библиотеката.

Во спалните соби, удобна фотелја ќе биде решение за одмор од метежот и вревата во остатокот од домот; но многу веројатно ќе биде и место за одлагање на вашата гардероба во  моменти на страшна мрзеливост …

Кога станува збор за изборот на вистинската фотелја за вашиот простор, може да се каже дека опциите се бесконечни. Можете да изберете кул, зен, елегантна, софистицирана или симпатична, пријатна и/или современа фотелја. Од материјали за седењето, опциите се памук, кожа, кадифе, вештачка кожа, трска итн. Може да ја опремите со меки перници исполнети со пердуви со цел да обезбедите оптимална поддршка за исправен грб.

Погледнете го нашиот избор на најдобри фотелји земајќи ги предвид удобноста, стилот и функцијата.


Фотелја Wonder

Софистицирана убавина од секој агол.

Фотељата Wonder зрачи со извонреден уникатен дизајн создаден да внесе шарм и префинетост во секој простор.

Цена xxxxx мкд.

Фотелја Пауза

Конструкцијата на фотелјата се карактеризира со два симетрични структурни елементи кои формираат карактеристичен Y страничен поглед. Оваа форма сугерира напнатост на силите што се фиксирани на ниво на земјата, слично на структурните елементи пронајдени во архитектурата. Со идентично седиште и потпирач за грб, поддржани од кожа или памук, нуди одлична удобност во мало пакување. Потпирачите за раце се поканувачки и великодушни по големина, ссодветни за чаша вино.

Цена 61.965 мкд.

Фотелја Монро

MONROE  фотелјата е комбинација од функционалност и удобност за идеално релаксирање. Ја препорачуваме за опремување на домот, но и за хотели и деловни простории.

Цена ххххх мкд.


Фотелја ПЕРЛА МОНДИВИ

Модерна и едноставна фотелја изработена во висококвалитетен штоф

Цена 17.300 мкд


Фотелја Sixty

SIXTY Современа реинтерпретација на трајна класика. Обоената метална цевчеста рамка го обиколува седиштето и се крева нагоре зад потпирачот за грб, формирајќи практична рачка за негово движење.

Цена 21.453 мкд

Фотелја Норик

Фотелја изработена од висококвалитетен штоф. Црни дрвени ногари и метална конструкција. Фотелја која го негува Скандинавскиот стил и нуди крајна удбност благодарение на потпирачот за крб со четири поставувања.

Цена 14.900 мкд


Фотелја Ванда

Инспирирана од класичната Egg Pod Chair, оваа уникатна фотелја со стилизиран дизајн, изработена во прекрасен плиш, нема никого да остави рамнодушен.

Цена 35.000-42.000 мкд


Фотелја Акит

Уникатна фотелја од трска со дрвени ногарки. Дизајн кој предизвикува внимание и желба да  ја пробате нејзината необична удобност.

Цена 24.000 мкд