Собата со мапа на светот

Собата со мапа на светот

Година: 2023
Локација: Скопје, Македонија
Софтвер: SketchUp, VRay
Клиент: В.А.

Тип на проект: Детска соба

Собата на оваа млада девојка е пријатна и привлечна, со единечен бел кревет поставен на десната страна од собата. Креветот има дополнителна фиока за душек, што го прави совршен доколку некоја другарка остане на преспивање. На ѕидот над креветот е залепен шарен фототапет со мапата на светот, што инспирира чувство на авантура и љубопитност.
Во продолжение на креветот има мала фиока и огледало со светилки закачени врз облога од дрвени летви, а неонскиот знак над огледалото ѝ дава шмек на собата.
Работното биро е поставено под прозорците, со бела метална рамка и дрвена плотна, и нуди доволно простор за извршување на домашните задачи и други креативни активности. Тесната библиотека и малиот елемент за складирање овозможуваат собата да остане уредна и организирана.
На спротивниот ѕид од креветот има голем бел гардеробер со една врата со огледало која го крие исфрлениот столб, а малата комода и отворени полици – кутии на ѕидот обезбедуваат простор за книги и сувенири. Генерално, собата е весела и функционална, со микс на шарени и неутрални тонови кои ја прават прекрасен простор за секоја млада девојка.

 

Сподели: