Собата со соѕвездија

Собата со соѕвездија

Година: 2022
Локација: Скопје, Македонија
Софтвер: SketchUp, VRay
Клиент: С.Ч.

Тип на проект: Детска соба

Собата на ова девојче е забавен и функционален простор, кој е дизајниран земајќи ги во предвид стилот и практичноста. Главен елемент на собата е креветот кренат на платформа со вграден склад под него, притоа обезбедувајќи многу простор и начин да се зачува просторијата без неред. Скалите што водат до креветот истовремено служат и за седење, и се опремени со вградени фиоки за уште повеќе складишен простор. Во еден агол од собата има едноставно работно биро со отворени полици, совршено место за изработка на креативни проекти или домашни задачи. На спротивниот ѕид има голем плакар со многу простор за закачување и комода со фиоки, а за моментите за подготовка – backstage огледало со изложени светилки кое додава допир на гламур и стил инспириран од Холивуд. Боите се нежни, пастелни, а фототапетот со соѕвездија во боја на јоргован е дополнет со детали во истата нијанса нацртани на другите ѕидови.

 

Сподели: