Ентузијасти сме да дизајнираме простор кој ќе ја одразува вашата визија и ќе ви донесе задоволство и конфор. Ние веруваме дека најдобро дизајнираните домови и деловни простории се навистина индивидуални и претставуваат рефлексија на клиентот или неговиот/нејзиниот бизнис. Нашиот процес не е линеарен и подразбира повеќе итерации: започнуваме со истражување и инспирација и полека преминуваме на етапата на дизајн, сè со цел да дојдеме до најфункционалното но и најелегантно решение кое ќе се вклопи во вашиот буџет, желби, вкус и временска рамка.
„Соработката беше навистина пријатна и професионална. Добивме креативни 3D предлози за уредување на детските соби, кои максимално се вклопија во просторот и во нашите идеи. Сите наши барања беа земени во предвид и беа отворени за промени и предлози во текот на целиот процес. Беа лесно достапни. Никакви забелешки, целосно задоволни од крајниот резултат. Би соработувале повторно без двоумење.“
М.И., Клиент
„Се придржуваа со роковите во договорот, беа достапни за комуникација и понудија практични решенија за мојот простор.“
Милена А., Клиент
„Од Декорама добивме одлични предлози во поглед на идејно решение на просторот, но исто така беше испочитувано и она што ние го имавме замислено и го сакавме. Се на се, одличното решение за просторот скоцкано професионално според нашите вкусови и барања.“
Ива П., Клиент
“Пред некое време ги користев услугите на Декорама за дизајн на ентериер и не можам да бидам посреќена со конечниот производ. Весна беше прекрасна, многу професионална и точна со рокот. Таа навистина го сака тоа што го прави. Специјална благодарност до двајцата млади мажи кои составија сè. Јас искрено ги препорачувам нивните услуги, без разлика дали станува збор за станбен или деловен дизајн на ентериер.”
Мариа Елениновска, Клиент