Современа кујна во пастелно зелени тонови

Современа кујна во пастелно зелени тонови

Година: 2025
Локација: Скопје, Македонија
Софтвер: SketchUp, VRay
Клиент: С.К.

Тип на проект: Кујна

Кујната е проектирана како функционален и светол простор со јасна организација. Долните елементи во зелена нијанса на жалфија се комбинирани со светли дрвени површини и бела работна плоча со суптилен мермерен дезен. Отворените полици и стаклениот елемент додаваат леснотија и практичен пристап, без визуелна тежина.

Островот со трпезариска функција ја поврзува кујната со дневниот дел и овозможува секојдневно користење – за готвење, јадење и дружење. Црните светилки и металните детали внесуваат дискретен контраст и го заокружуваат целокупниот изглед.

 

Сподели: