Собата на идниот NBA MVP
Година: 2025
Локација: Скопје, Македонија
Софтвер: SketchUp, VRay
Клиент: Б.К.
Тип на проект: Тинејџерска соба
Оваа тинејџерска соба е дизајнирана за 15-годишно момче кое активно тренира и живее со кошарката. Просторот комбинира јасна функционалност со динамичен визуелен карактер, прилагоден на учење, одмор и секојдневни активности.
Монохроматската основа е надополнета со жолти акценти и илустративен ѕиден мотив со кошаркарска тематика, кој му дава силен идентитет на просторот. Работната зона е практично организирана, со доволно складирање и јасно дефиниран агол за концентрација.