Современ простор со природна топлина
Година: 2025
Локација: Скопје, Македонија
Софтвер: SketchUp, VRay
Клиент: Б.К.
Тип на проект: Кујна, дневна соба и трпезарија (дел од стан со три спални соби)
Отворената дневна и трпезарија се обликувани како мирен, функционален простор за секојдневен живот. Неутралната палета, природното дрво и меките текстури создаваат чувство на топлина и рамнотежа, додека јасната организација овозможува лесно движење и визуелна чистота.
Кујната е дискретно одделена – присутна, но ненаметлива – за дом кој дише спокој и ред.