Семеен дом во Прага

Семеен дом во Прага

Година: 2025
Локација: Прага, Чешка
Софтвер: SketchUp, VRay
Клиент: М.

Тип на проект: Куќа

Целта на овој проект беше да се создаде јасен и удобен простор, во кој распоредот, боите и материјалите работат заедно. Дизајнот е базиран на пастелни зелени нијанси, дрвени површини и дискретни метални детали, со фокус на секојдневна функционалност и визуелна рамнотежа.
Кујната и дневниот престој се решени како отворен, светол простор со јасна организација. Кујнските елементи во sage green се комбинирани со текстура на орев и бакарни рачки, што внесува топлина без визуелна тежина. Горните елементи се сведени и интегрирани, додека долните во дрво ја дефинираат работната зона.
Дневниот престој е организиран околу ТВ-ѕид со вградено осветлување и отворени полици. Заоблениот софа, трпезариската маса од масивно дрво и меките текстили создаваат пријатна атмосфера за секојдневно користење.
Спалната соба е дизајнирана како тивок и визуелно смирен простор. Акцентниот ѕид со ботанички мотиви додава длабочина, додека текстилите во зелени нијанси го заокружуваат амбиентот.
Гардероберите со заоблени агли во мат пастелна боја овозможуваат оптимално складирање и помек визуелен впечаток. Комодата со стаклени сегменти за накит и лични предмети додава практичен, но дискретен декоративен елемент.

 

Сподели: