Собата на малиот истражувач
Година: 2025
Локација: Скопје, Македонија
Софтвер: SketchUp, VRay
Клиент: М.П.
Тип на проект: Детска соба
Детска соба дизајнирана за момче од 7 години, каде играта, учењето и одморот се споени во еден функционален и разигран простор. Креветот на спрат е осмислен така што горното ниво служи како зона за игра, додека долниот дел обезбедува удобен простор за спиење.
Скалите се мултифункционални и се користат како практично складиште, поттикнувајќи ред и самостојност. Комбинацијата од сини и зелени тонови создава свежа, смирувачка атмосфера, а вградените елементи овозможуваат максимално искористување на просторот и флексибилност како детето расте.