Топол и удобен семеен дом

Топол и удобен семеен дом

Година: 2025
Локација: Гевгелија, Македонија
Софтвер: SketchUp, VRay
Клиент: Д.Т.М.

Тип на проект: Повеќесобен апартман

Проектот опфаќа целосна разработка на ентериер решение за стан, од концепт и 3D визуализации до технички цртежи за изведба. Фокусот беше на создавање функционален, чист и визуелно усогласен простор, со јасна организација на сите зони.

Концептот се базира на неутрална материјална палета со внимателно дефинирани контрасти. Подот е решен со керамички плочки со изглед на стар бродски дрвен под, кои носат топлина и континуитет низ целиот простор. Овој елемент служи како основа врз која се надградуваат останатите материјали и форми.

Во ходникот е предвиден вграден плакар со целосна висина, со чисти фронтови и интегрирани долги рачки, со што се добива максимално искористување на просторот и визуелна едноставност. Дневната и кујнската зона се третирани како единствен отворен простор, со јасна функционална поделба преку материјали и елементи, без физичко затворање.

Кујната е проектирана со комбинација од светли и темни фронтови и дрвени акценти, со оптимизирана работна триаголна зона и доволен простор за складирање. Бањата е решена со минималистички пристап, комбинирајќи големи формати, топли текстури и црни елементи за јасен визуелен идентитет.

Детската/работна соба е развиена како модуларен систем, со интегриран мебел (плакар, работна маса и полици), овозможувајќи флексибилност и прилагодување на идните потреби.

Во рамки на проектот се изработени:
• 3D визуализации за сите клучни простории
• технички цртежи за мебел по мерка
• распоред на електрика и осветлување
• предлог материјали и завршни обработки

Проектот е поставен како јасна основа за реализација, со минимален простор за импровизација при изведба и максимална контрола на финалниот резултат.

 

Сподели: