Зелена хармонија
Година: 2025
Локација: Скопје, Македонија
Софтвер: SketchUp, VRay
Клиент: Б.К.
Тип на проект: Спална соба (дел од стан со три спални соби)
Оваа спална соба е замислена како мирен и балансиран простор за одмор, каде зелените нијанси внесуваат чувство на свежина и природна смиреност. Комбинацијата од топло дрво, неутрални текстили и едноставни линии создава атмосфера што не оптоварува, туку релаксира.
Минималистичкиот пристап овозможува просторот да „дише“, додека внимателно одбраните детали – уметничките принтови, меките завеси и суптилниот контраст на ѕидовите – додаваат карактер без вишок. Ова е спална соба што нуди тивок луксуз и секојдневен комфор, идеална за целосно исклучување и одмор.