Политика за директен маркетинг

ПОЛИТИКА ЗА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ на Декорама ДООЕЛ Скопје  

ВОВЕД

Оваа политика објаснува како Декорама ДООЕЛ Скопје, (во натамошниот текст: ДЕКОРАМА ДООЕЛ) може да ги користи вашите лични податоци за цели на директен маркетинг.

ШТО Е ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ?

Директен маркетинг е рекламирање кое е насочено кон конкретни физички лица, за разлика од рекламите на билборди, во весниците, преку радио или телевизија, кои се однесуваат на група на физички лица кои ќе ги прочитаат или слушнат.

КАКО ГО КОРИСТИМЕ ДИРЕКТНИОТ МАРКЕТИНГ

ДЕКОРАМА ДООЕЛ користи директен маркетинг преку е-маил, SMS и Вибер. (потврдете или избришете тоа што не е релевантно)

Ние не спроведуваме директен маркетинг усно преку телефон или по пошта.

ДЕКОРАМА ДООЕЛ спроведува политика на избор (opt-in) со која секој што сака да добие директен маркетинг од нас може да се регистрира на нашата веб страница или да даде експлицитна согласност.  

КАКОВ ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ ИСПРАЌАМЕ

Директен маркетинг што може да ви го испрати Декорама ДООЕЛ, вклучува електронски билтен/Писмо со новости (Newsletter) и  реклами кој содржат информации за нови производи и услуги, специјални понуди, промоции и настани.

ДЕКОРАМА ДООЕЛ може да ви испрати информации за нови производи и услуги, специјални понуди, промоции и настани во форма на е-маил, смс и Вибер пораки.

КАКО ДА ГИ ДОБИЕТЕ ОВИЕ ИНФОРМАЦИИ

Секој што сака да ги добие овие информации ќе треба да се „пријави“ (opt-in), со што ќе ни даде експлицитна согласност да му испратиме директен маркетинг.

Секој може да се пријави на еден од следниве начини:

  • Со пополнување на полето за регистрација „Регистрирајте се“на нашата веб-страница со селектирање на квадратчето со текст подоле

„Се согласувам да добивам известувања со понуди на производи и промотивни акции преку е-маил, смс и Вибер.“.

По добивање на вашето барање, ДЕКОРАМА ДООЕЛќе ви испрати повратна е-маил порака во која ќе се побара од вас да ги потврдите податоците од регистрацијата преку кликнување на линкот наведен во е-маилот (double opt-ins). ОВА Е ОПЦИОНО, ќе треба да се среди од програмерот на страната.

 

За електронскиот билтен во нашата база се запишува вашата е-маил адреса, IP адресата и датумот на регистрација.

За добивање на известувања преку е-маил, смс и Вибер се запишува вашето име, е-маил адреса, мобилниот број и IP адресата, заедно со датумот на регистрација и преку кој канал сте се регистрирале.

Следејќи ги одредбите на Законот за заштита на личните податоци, ДЕКОРАМА ДООЕЛ може во секое време да докаже дека добил валидна согласност и води евиденција за тоа кој се согласил, кога, како и за што.

КАКО ДА ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ ОВИЕ ИНФОРМАЦИИ

Можете да ја повлечете својата согласност во секое време и да приговарате во кое било време за обработка на вашите лични податоци за цели на директен маркетинг.

ДЕКОРАМА ДООЕЛ нуди опција за „одјава“(opt-out) од електронскиот билтен (Newsletter) во секое време преку линкот за одјавување достапен во е-маил пораките што ги добивате од нас, одјава од смс и Вибер известувањата може да направите преку вашиот регистриран профил на нашиот веб сајт или со барање за бришење на личните податоци на следниот линк.

ДЕКОРАМА ДООЕЛ води евиденција на физички лица кои се одјавиле од услугата за директен маркетинг.

Со повлекување на вашата согласност ДЕКОРАМА ДООЕЛ ќе ги избриши во целост вашите податоци во рок од 30 работни дена од збирката на личните податоци за директен маркетинг.

Деталите за вашиот профил ќе бидат целосно избришани* од нашата база на податоци што е можно поскоро, но не подоцна од 30 работни дена откако ќе го добиеме вашето барање.

* Ве молиме запомнете: не можеме да ги избришеме записите за вашите нарачки, бидејќи законски имаме обврска да ги чуваме овие информации за проверка од надлежните институции во период предвиден со закон.

КАКО ДЕКОРАМА ДООЕЛПОСТАПУВА СО ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

ДЕКОРАМА ДООЕЛ постапува со личните податоци на транспарентен начин:

  • Називот и деталите за компанијата се вклучени кога се праќаат маркетинг активности преку е-маил, смс и Вибер;
  • На корисниците на веб страницата им е дадена јасна и лесно разбирлива политика за приватност и се информирани за нивните права како субјекти на лични податоци.
  • ДЕКОРАМА ДООЕЛ ја гарантира безбедноста и точноста на збирката на личните податоци за  директен  маркетинг:
  • Личните податоци се користат само за цели на директен маркетинг;
  • Веродостојноста на збирката на лични податоци за директен маркетинг се проценува преку земање и проверка на случајни примероци;
  • Се бришат сите ирелевантни или преобемни лични податоци;
  • Вработените кои се овластени да обработуваат лични податоци за цели на директен маркетинг се обучени да ги почитуваат и имплементираат барањата од Законот за заштита на личните податоци; и
  • ДЕКОРАМА ДООЕЛ има донесено процедура за постапување со неточни и неажурни лични податоци и поплаки/приговори.

РАЗМЕНА НА  ПОДАТОЦИ

ДЕКОРАМА ДООЕЛне продава, разменува или споделува лични податоци и информации за своите клиенти со трети лица за цели на директен маркетинг, освен со обработувачите кога е потребно за да ги обезбедат услуги на ДЕКОРАМА ДООЕЛ за цели на директен маркетинг. Со сите обработувачи ДЕКОРАМА ДООЕЛ има склучено договори согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци и во согласност со оваа политика за директен маркетинг.

Повеќе информации можете да најдете во Политиката за приватност на ДЕКОРАМА ДООЕЛ.

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ДЕКОРАМА ДООЕЛ

Покрај оваа политика за директен маркетинг, ДЕКОРАМА ДООЕЛ има донесено и објавено посебна Политика за приватност во која се наведени детални информации за тоа како ја штитиме вашата приватност и како ги чуваме вашите лични податоци безбедни.

 

ИЗМЕНА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ

ДЕКОРАМА ДООЕЛ има дискреционо право да ја ажурира оваа политика во секое време. Кога ќе го сториме тоа, ќе го ревидираме ажурираниот датум на дното на оваа политика. Ги охрабруваме корисниците да ја проверуваат оваа страница  за да останат информирани за секоја промена и за тоа како ги штитиме личните податоци што ги собираме.

Оваа Информација за обработка на личните податоци повремено може да се менува.


Декорама ДООЕЛ  ќе постави ажурирана верзија на Информацијата за обработка на личните податоци на оваа страница.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

Доколку имате какви било прашања во врска со нашата Политика за директен маркетинг, ве молиме, користете ја формата за контакт на нашата веб страница или испратете ни е-маил на Офицерот за заштита на личните податоци

 

Назив и адреса на Контролор

Декорама ДООЕЛ

Руѓер Бошковиќ 17/1-27, 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон: +389 70 223 813

Е-адреса: info@dekorama.design