Бохо кујна

Бохо кујна

Година: 2021 година
Локација: Скопје, Македонија
Софтвер: SketchUp, VRay
Клиент: А.К.
Тип на проект: Бохо кујна

За да одговориме на барањето на клиентот, се одлучивме за отворени полици, измешани дезени и текстури и трошка винтиџ додатоци. Богати, топли бои и детали од дрво што создадоа еклектичен амбиент во оваа кујна. Клиентот сакаше смела кујна со еколошки, одржлив дизајн.

Плочките Abitare микс се од Ragnoworld. Прекрасни комбинации на бои, геометриски дезени и украси од почетокот на 20 век добиваат современа реинтерпретација во колекцијата на Abitare. Шестте различни нијанси со големина 20×20 cm, кои се употребени на подот и делумно на ѕидната површина, внесуваат софистицираност и оригиналност во кујната.

Барајќи рачки со карактер, но во мали димензии, се одлучивме за Petra од Viefe. Петра е класична рачка во форма на полумесечинка, сега збогатена со антички бакарни винтиџ завршетоци, во согласност со најновите трендови во внатрешната декорација, која оди добро со вратите со рамка.

Бојата на ѕидовите е Tikkurila S315 Folкlore.

Сподели: