Отворена кујна со остров
Тип на проект: Дизајн на кујна
Желбата на клиентите уште при првиот состанок беше создавање кујна со безвременска убавина и елеганција, која сепак ќе се издвојува од мноштвото беж кујни со златни детали, актуелни во изминатите неколку години.
Нашиот одговор на ова барање беше концепт на отворена кујна со остров, во кој топлината на дрвото и суптилната боја создаваат балансирана и софистицирана целина. Долните и високите елементи се изведени со профилирани дрвени фронтови, додека горните елементи комбинираат профилирани фронтови во нијанса на жалфија со стаклени површини, додавајќи леснотија и визуелна динамика.
Деталите со месинг финиш внесуваат доза на префинетост, а целината е заокружена со впечатливата големоформатна плочка Calacatta Viola од колекцијата Ultra Marmi на Ariostea, достапна во Italux, која со својата карактеристична шара внесува луксузен и уметнички акцент во просторот.