Прва средба со клиентот во живо или zoom (возбуда од идната соработка, истражување и размена на информации, дефинирање на очекувања). Иницијалната фаза на проектот вклучува првично запознавање со просторот/објектот (стан, куќа, деловен простор). Во оваа фаза ќе дознаеме повеќе за вашите желби, амбиции, временска рамка и ориентационен буџет на проектот, ќе подготвиме детален бриф и ќе ги идентификуваме вашите дизајн преференции.