Зелени канцеларии во ТИЗР Штип за Адиент

Зелени канцеларии во ТИЗР Штип за Адиент

Година: 2021
Локација: Штип, Македонија
Користен софтвер: SketchUp, VRay
Клиент: Adient
Тип на проект: Green open office space

Распоредот на отворени канцеларии може да биде економичен, флексибилен и ефикасен за тимови каде е неопходна голема соработка. Од нас беше побарано да дизајнираме распоред на отворена канцеларија (голем, отворен простор) со неколку затворени канцеларии за менаџерите. Моравме да балансираме помеѓу отворениот простор и потребата за приватност (2 мали приватни коцки) и, исто така, да додадеме „интерактивен агол“ со прилагодливи маси со можност за стоење и седење. Во процесот на дизајн, бевме лимитирани од клиентот бидејќи планираше да зачува некои од постојните елементи/преградни ѕидови, како што се кујна, сали за состаноци и затворени канцеларии. Со цел да се подобри акустиката и да се намали бучавата за време на повици или интеракција помеѓу вработените воведовме „Зелен ѕид“ и 7 канцелариски билки со „сопственици“ од одделенијата во фирмата.

Сподели: