Двособен стан во Амстердам

Стан во Амстердам

Година: 2021
Локација: Амстердам, Холандија
Користен софтвер: SketchUp, VRay
Клиент: А.Г.
Тип на проект: Уредување и декорација на двособен стан

При дизајнот на овој стан од 65 м2 во Амстердам, ги користевме елементите и функционалноста на минимализмот  со цел да го направиме поудобен, модерен и организиран со едноставни, смирувачки елементи кои го прават овој стил на дизајн толку привлечен; но исто така се обидовме да креираме и топлина и практичноста што го прават овој стил толку посакуван.

Дневната соба е светла, пространа, едноставна, со доста растенија и современа гарнитура за седење. Отворениот план на просторот (дневна соба, кујна) визуелно го прави станот да изгледа  поголем, додека прозорците пропуштаат многу природна светлина. Со поставување украсни елементи и растенија на подот и на полиците, ѕидовите останаа претежно голи/празни.

Главната спална соба е можеби наједноставниот простор во станот (поради скромната квадратура), со неколку црно-бели фотографии на ѕидовите. Пријатни текстури на постелнина и домашните билки е сè што ви треба за мирен ноќен сон.

Сподели: