Линиска кујна со полуостров

Линиска кујна

Година: 2021
Локација: Скопје, Македонија
Софтвер: SketchUp, VRay
Клиент: М. Т.

Тип на проект: Линиска кујна

Наш предлог за линиска кујна со полуостров, која го следи трендот на зелени кујни започнат уште од минатата година. Ние се одлучивме за нијанса на жалфија на фронтовите, која ја надополнивме со работна плоча и детали во топол дрвен декор.

При дизајнирањето на оваа кујна одлучивме подот да биде фокална точка на целиот простор со својата извонредна шара, а ѕидните плочки да ја следат нијансата на кујнските фронтови за да ја надополнат просторијата без притоа да доминираат. Нашиот избор на плочки се Abitare Tappeto 3 од колекцијата Abitare на Ragnoworld, а без разлика дали ќе се одлучите за геометриска шара или флорални мотиви, изборот на вакви плочки направете го според стилот на вашата кујна и целокупниот простор со кој таа кореспондира за да го задржите кохерентниот шик изглед.

Додатоците за кои ние се одлучивме се со црн мат финиш (светилки, рачки, заштитна лајсна) за да го следат дизајнот на претходно одбраните елементи од бела техника, а доколку сакате да добиете потопол амбиент може да употребите и додатоци со финиш на месинг или античко злато.

Доколку навистина се одлучите за драматичен wow изглед, можете да ги нагласите и ѕидовите со црна боја (со некој конкретен ефект или без), или со некоја потемна нијанса која се јавува како примарна или секундарна боја на самите плочки, но притоа посветете посебно внимание на осветлувањето за да не добиете мрачен простор кој ве одбива со својата монотонија.

 

Сподели: