Кујна во П форма

Кујна во П форма

Година: 2022
Локација: Скопје, Македонија
Софтвер: SketchUp, VRay
Клиент: В. П.

Тип на проект: Кујна

Сивата е новата црна, и токму тоа беше желбата на нашата клиентка, сива кујна која ќе биде модерна и лесно ќе се вклопи во отворениот простор. После неколку обиди со различни нијанси, конечниот избор падна на антрацит со мат финиш во комбинација со светол дрвен декор применет на работната површина и вратичките на горните елементи. Двата крака на кујната завршуваат со елементи со сиви стаклени врати со црна рамка, еден висок елемент кој има функција делумно да го сокрие фрижидерот, и еден низок кој ја отвора кујната кон трпезарискиот дел. Додатоците се со црн мат финиш, а делот помеѓу долните и горните елементи е обложен со лакобел стакло во сива боја.

 

Сподели: