Мала и удобна спална соба

Мала и удобна спална соба

Година: 2022
Локација: Скопје, Македонија
Софтвер: SketchUp, VRay
Клиент: Л.Д.

Тип на проект: Спална соба

Со дизајнот на оваа спалната соба сакавме да создадеме пријатен и привлечен простор, со топла и неутрална шема на бои. Фокалната точка на собата е удобен и стилски тапациран кревет во нежна беж боја. Плакарот е аголен, со висечки елементи кои продолжуваат над самиот кревет, притоа обезбедувајќи многу простор за складирање облека и други предмети. Зад креветот има елемент со горно отворање кој служи како паметно решение за складирање на перници и ќебиња, држејќи ги лесни на дофат, но надвор од видното поле. Ѕидот наспроти креветот има тесна лебдечка полица, совршена за украси, слики, книги и други мали предмети. Во нишата помеѓу ѕидот на кој е поставен прозорецот и столбот, има неколку лебдечки полици кои обезбедуваат дополнителен простор за складирање, а истовремено додаваат визуелен интерес во просторијата.

 

Сподели: