Викенд студио во Охрид од 30 м2

Викенд студио во Охрид од 30 м2

Година: 2021
Локација: Охрид, Македонија
Користен софтвер: SketchUp, VRay
Клиент: А&Н
Тип на проект: Викенд студио од 30 м² во Охрид

Да се дизајнира ентериер на мало викенд студио (за четворочлено семејство) е задача која не стави пред предизвик, да  трансформираме еден единствен простор во спална, дневна соба, кујна и евентуално место за игра на две мали девојчиња. И да го сториме сето тоа без да додадеме премногу неред во малиот простор.  Ова бело студио може да се пофали со удобност и функционалност во мало пакување. Има сè што може да се посака, сместено во еден простор за живеење. Претежно белиот декор го подобрува природното осветлување е на барање на сопственикот со неколку детали во сино. За да создаде илузија на приватност и посебни функционални целини (кујна, дневна/спална) искористени се дневни кревети на ИКЕА кои се поставени еден наспроти друг.

Share: