Розева соба за мало девојче – Декорама

Розева соба за мало девојче

Розева соба за мало девојче

Година: 2021
Локација: Скопје, Македонија
Користен софтвер: SketchUp, VRay
Клиент: К&Р
Тип на проект: Розева соба за мало девојче

Создавањето розеви ентериери во никој случај не значи дека треба да користите розева и ништо друго. Ние си зедовме слобода да понудиме бледа розева и малку појака циклама како акцент на столбот и тапет на ѕидот наспроти креветот со мала коала. И во двете варијанти на бојата собата може лесно да се модифицира, како девојчето се ближи до тинејџерските години, односно како одминува времето. Бидејќи девојчињата на 8 годишна возраст поминуваат многу од своето време во четири sида, беше потребно нејзината спална соба да ја направиме екстра посебна, а истовремено и функционална. За таа цел ни помогнаа ситните детали како розевите рачки во неколку нијанси, кутиите за играчки и кукли, просторот за складирање под креветот, предмети за украсување, но и работното катче до прозорец со цел да се овозможи природна светлина.

Share: