Спална соба на тинејџер

Спална соба на тинејџер

Година 2020
Локација Скопје, Македонија
Користен софтвер SketchUp, VRay
КлиентН.Н.
Тип на проект Спална соба на тинејџер

Секој тинејџер ќе ви каже дека неговата спална е идеална прилика да го истакне својот уникатен стил и различност. Освен место за спиење, собата е и место за дружење со пријателите, средување на домашните работи за на училиште, слушање музика и играње видео игри. Големината на собата и поставеноста на прозорот и столбот не ограничија во можноста да понудиме повеќе опции за распоред на елементите (кревет, плакар, работна маса).

Инсталирани се полици за книги над заглавјето на креветот и работната маса, како и мала клупа за седење до прозорот со простор за чување на различни работи како втора намена (висина 50 см од подот).

Акцентиран е само столбот со цел да се даде свежина на собата и користен е тапет (креативно ѕидно решение) од Даг.

Дигитален принт на Нина Симовска, визуелен уметник и сопственик на концепт студио concept studio “Just Because”

Портрет VI од серијата на дигитални портрети произлезени од карантинските sketchbooks.

Сподели: