Розева детска соба

Паметно решение за складирање на играчки, облека и постелнина на мал простор

Година2020
ЛокацијаСкопје, Македонија
Користен софтверSketchUp, VRay
КлиентВ.Ј.
Тип на проектДетска соба

Што ја прави розевата боја “шиk” и ”ин” за девојчиња е генерално непознато!? И покрај тоа што се појави како моден тренд некаде во втората половина на 20-тиот век, сè уште упорно опстојува. Денес, розевата боја речиси секогаш се поврзува со девојчиња и детска соба во розево беше побарана од наша клиентка за нејзината 4 годишна ќерка.

Кога во услови на КОВИД 19 децата поминуваат повеќе време дома и во 4 ѕида, барањето беше да се креира соба која ќе обезбеди соодветен простор за играње.

Самата квадратура на собата бараше да се создаде лесно пристапен простор за складирање на облеката, постелнината и играчките, а истовремено да остави простор за промени кои ќе го следат растот и развојот на девојчето. Од тие причини креветот е подигнат на кат и дел за играње е оставен под самиот кревет, со можност во блиска иднина истиот да се претвори во работен дел.

Сподели: