-23% Попуст

Original price was: 12,999.00ден.Current price is: 10,000.00ден.

Бања *дизајн на бања и мал тоалет

Категории ,

Опис

Декорама е boutique студио во кое творат исклучително талентирани и квалификувани дизајнери на ентериер и инженери за мебел и простор — со истренирано oko за функционалност, детал и стил.

Опис на услугата: Оваа услуга е наменета за клиенти кои планираат изградба или реновирање на бања и им е потребна стручна дизајнерска поддршка уште во фазата на проектирање. Нашиот тим изработува функционален распоред на просторот со точна позиција на сите елементи — санитарии, туш кабина/када, мијалник, тоалет, шкафчиња и огледало, усогласени со положбата на електричните и водоводните инсталации. Идеално за клиенти кои сакаат сè да биде правилно испланирано пред ѕидарите да влезат.

Детали:

  • Времетраење: еден работен ден (8 часа, на лице место и/или во студио)
  • Опсег: еден санитарен јазол / бања
  • Активности:
    • Снимање на постојна состојба и мерење на просторот
    • Функционален распоред со позиционирање на сите санитарни елементи
    • Усогласување со трасите на водоводни и електрични инсталации (приклучоци, одводи, осветлување, вентилација)
    • Препораки за плочки, арматура и завршни материјали
    • Основна 2D скица / распоред за изведба и 3Д рендери
  • Цена: Доколку објектот се наоѓа надвор од Скопје, патните трошоци се пресметуваат одделно.

 

Доколку имате било какви прашања поврзани со купувањето на Ваучерот или дополнителни прашања околу пакетот ве молиме контактирајте не на info@dekorama.design

Пишете ни!