Бела кујна (издвоена од дневниот простор)

Мала бела кујна

Година: 2021
Локација: Скопје, Македонија
Користен софтвер: SketchUp, VRay
Клиент: К&П
Тип на проект: Бела кујна

Кон кујната се пристапува од дневниот престој, а истата може да се одвои со користење на лизгачка врата која лизга внатрешно во ѕидот од гипс картон (Pocket Kit на Кнауф). Корпусите на елементите се изработени од бела иверица d=18mm, а лицето е изработено од фарбан медијапан со мат финиш со профилирање на кантот за да се одбегнат рачки. Се јавуваат детали од фурниран медијапан фајнлајн d=26mm како екстра страници и отворени полици. Плочки се поставуваат само на ѕидот каде се позиционирани садоперот и плочата за готвење, на столбот и на подот. Кај отворените полици од спротивната страна елементот има масивен рухванд (позадина или од фурнираниот или фарбаниот медијапан), со цел да се одбегне оптоварување на ѕидот од гипс картон и тежината да се носи врз работната плоча.

Работната плоча е Egger H193 ST12 Oak Butcherblock. Садоперот е композитен, модел Pyramis Pyragranite Kartesio 79×50. Плочките се од колекцијата ТРАЗОС, а шарата е графички базирана на етнички инспирирани мотиви. Се решивме за порцеланска плочка ТРАЗОС со свежа и мека мат боја на аквамарин или фламинго / тула на бело, бидејќи нејзините различни дизајни додаваат живост и свежина во секоја просторија. Не можевме да се одлучиме за бојата на аквамаринот или фламингото и ги понудивме и двете.

Share: