Детска соба

Детска соба

Година: 2021 година
Локација: Скопје, Македонија
Софтвер: SketchUp, VRay
Клиент: Д. А. Ц.

Тип на проект: Детска соба

Ако за многумина куќата е синоним за топло и сигурно место, тогаш сосема е разбирлив трендот за дизајнирање на детски соби со употреба на парчиња мебел кои наликуваат на куќички. Тоа беше и нашата идеја при уредувањето на оваа пространа и светла соба, па создадовме неколку куќички со посебна функција: куќичка за спиење, куќичка за читање и куќичка во која ќе „живеатˮ играчките.

Куќичката за спиење е дел од самиот кревет кој е изведен на две нивоа, горно наменето за игра и долно за одмор, а куќичката за читање е дел од самиот плакар. На спротивниот ѕид имаме ниска комода – неколку куќички, наменети за чување на играчки. Кај акцентираниот ѕид може, но и немора да се појави и друга комода, а наместо тапет може да се остави бел ѕид на кој детото ќе може да ги направи своите први ремек дела, или пак ѕидот да се офарба со боја со ефект на училишна табла.

Палетата на бои е прилагодена на желбите на тригодишното девојче, а покрај неизбежната розева која се јавува како детал на тапетот, килимот и декоративните перничиња, остатокот од собата е смирен со парчиња мебел во бела боја и дрвени акценти.

Сподели: