Проект за уредување на спална соба

Проект за уредување на спална соба

Година2020
ЛокацијаСкопје, Р.Македонија
Користен софтверSketchUp, VRay, Autocad
КлиентВ.Е.
Тип на проектСтанбен простор/спална соба

Спалната соба е пред се место за одмор, место каде се повлекуваме за добро да се наспиеме и да ги наполниме батериите, подалеку од секојдневните грижи. При дизајнот на оваа спална соба посветено е посебно внимание на бојата на ѕидовите. Покрај користењето на дрвен декор, останатите бои кои се користени се смирени и топли, како на мебелот така и на тапетот со кој е обложен ѕидот позади креветот. Акцентирањето се прави преку боење на гредата над креветот во маслинеста боја. Вратите на плакарот и челата на фиоките имаат закосување на кантот наместо рачка.

Целиот дизајн е едноставен и чист, со минимален број на украсни елементи и парчиња мебел, но и покрај едноставноста, собата е пријатна и удобна за секојдневно користење.

Сподели: