Еднособен стан во Хелсинки – Декорама

Еднособен стан во Хелсинки

Еднособен стан во Хелсинки

Година2020
ЛокацијаХелсинки, Финска
Користен софтверSketchUp, VRay, Autocad
КлиентН.Н.
Тип на проектСтан за домување

Проект за стан во Хелсинки каде на барање на инвеститорот (самохран татко) требаше да се интервенира во организацијата на просторот со цел да се добие една детска соба со работно биро кое треба да гледа кон телевизорот за да може истиот да се користи за работа. За таа цел понудивме решение во кое го срушивме постоечкиот преграден ѕид кој го делеше станот на кујна со трпезарија од левата страна, и долг дневен простор од десната страна. Со новиот ѕид станот е поделен на кујна од левата страна која е затворена со полуостров и трпезариска маса од десната страна. Кај делот кој е наменет за трпезарија, иако физички споен со дневниот престој, со користењето на друга боја на ѕидовите (или во една од варијантите – на ѕидот и на спуштениот плафон) постигнавме дефинирање на функцијата. Од друга страна, дневниот престој кој го сочинуваат софа и фотелја може да се оддели од детското катче со користење на завеса која се движи по шина поставена на плафонот.

Share: