Проект за детска соба

Проект за детска соба

Година2019
ЛокацијаИталија
Користен софтверAutocad
КлиентВ.Е.
Тип на проектДетска соба

Поради специфичниот простор (дел од скалишниот простор е влезен во собата и затворен со гипс картон) креветот е поставен врз самата гипс-картонска конструкција. На едната страна гипс-картонот е обложен со црна училишна табла, а на другата страна се поставени полици со кутии за складирање и скалички за качување на креветот. Пред прозорот поставивме меко душече за играње, а на другиот ѕид се поставени плакарот, работното биро со отворени полици над него и уште еден плакар и библиотека. Вратите на плакарот и челата на фиоките имаат закосување на кантот наместо рачка.

Сподели: