Дневен простор со заоблени форми

Дневен простор со заоблени форми

Година: 2023
Локација: Скопје, Македонија
Софтвер: SketchUp, VRay
Клиент: И.П.С.

Тип на проект: Дневна соба

Овој дневен простор со трпезарија е облеан во природна светлина, која грациозно поминува низ прозорците од под до таван и го осветлува секој агол. Просторот зрачи со чувство на топлина и отвореност, поканувајќи ве да се опуштите и да се дружите после напорниот ден.
Самиот простор визуелно е поделен на дел за јадење (трпезариски дел) и дел за седење со користење на различни техники на ѕидна обработка, па така ѕидот кој го дефинира трпезарискиот дел е обработен со ѕидна техника со изглед на мермер, а делот за седење во дневната соба е нагласен со користење на топла теракота нијанса на ѕидот. Фокусна точка на дневната соба се раскошните форми на софата и двете фотелји, каде заоблените линии и меките ткаенини создаваат опуштена атмосфера, а елегантната кружна трпезариска маса го дополнува хармоничниот спој на тркалезни форми низ собата и создава привлечна и кохезивна естетика.
Овалната метална полица која стои позади софата додава допир на модерна функционалност, обезбедувајќи декоративен дисплеј и практично решение за складирање. На спротивниот ѕид се наоѓа елемент со заоблени линии кој претставува беспрекорно спојување на технологијата и удобноста: во предната зона претставува рамка за електричен камин, а во задниот дел има простор за скриен телевизор кој би се користел по потреба.
Целокупниот дизајн е дополнет со неколку тркалезни и овални маси за кафе кои се стратешки поставени, нудејќи погодни површини за чување пијалоци, книги или декоративни предмети.

 

Сподели: