Спална соба за студент

Спална соба за студент

Година: 2023
Локација: Скопје, Македонија
Софтвер: SketchUp, VRay
Клиент: О.М.

Тип на проект: Спална соба

При дизајнот на оваа спална соба за момче студент се обидовме да создадеме простор кој е совршен за учење, релаксација и спиење. Сивите ѕидови со ефект на бетон позади големиот и удобен кревет и работното биро даваат мажественост на овој модерен ентериер во индустриски стил, додека темнозелените детали и црните финиши нудат трошка на софистицираност. Големиот гардеробер со врати изработени од иверица со дрвен декор обезбедува доволно простор за облека и чевли, а истовремено додава топлина и текстура во собата.

 

Сподели: