28
Дек

Модерен еклектичен дизајн на ентериер

Модерниот еклектичен ентериер дизајн е енергична симфонија на стилови, хармоничен судир на епохи и влијанија што создаваат простор кој е уникатно ваш. Станува збор за кршење на правилата, прифаќање на индивидуалноста и изразување на вашата личност преку вашиот декор. Размислете за парчиња најдени на битпазар (marché des puces), кои коегзистираат со елегантен, модерни дизајнерски парчиња мебел, храбри бои на неутрална позадина и неочекувани текстури поставени со цел да креираат визуелен интерес. Модерниот еклектичен стил ја слави убавината на неочекуваното, радоста на патувањето и приказната што ја раскажува секое едно парче мебел и/или декор.

Модерната еклектика ги фрла правилата низ прозорецот и го прифаќа неочекуваното. Станува збор за спојување на елегантна модерна фотелја од средината на ХХ век со рустикална античка странична комода, ставање на дополнител слој (кадифе, кожа- врз плетен килим или ставање на вашите омилени сувенири од патувања и/или наследени семејни дребулии на видни места во просторот.

Замислете ја вашата еклектична модерна дневна соба како платно, во која како автоматското пишување на Robert Desnos, вашиот мебел танцува меѓу епохите, пркосејќи ѝ на логиката и хронологијата. Стол од средина на XX век со прекрасни облини кои се топат во ликот на Дали, заедно со стар оклоп кој шепоти бретонски поговорки на заборавени јазици. Ѕидовите, проткаени со духот на бретонските пејзажи, се префрлаат помеѓу бујното зелено кадифе и ленот изветвен од сонцето, имитирајќи го каприциозното расположение на крајбрежјето. Тоа е просторија каде што реалноста трепка на работ на соништата, каде што секој предмет и текстура шепоти фантастична приказна.

Подгответе се да го ослободите бунтовник кој тлее во вас, да ја прифатите убавината на неочекуваното и да дозволите вашата личност да блесне низ вашиот декор и избор на мебел. Подолу ќе навлеземе подлабоко во клучните принципи на модерната еклектика, ќе истражуваме инспиративни примери и ќе откриеме совети и трикови кои ќе ви помогнат да создадете свој уникатен и магичен простор. Добредојдовте во прекрасниот свет на модерниот еклектичен стил!

Ви треба 3Д ентериер дизајн или мебел по мерка, пополнете ја формата на линкот или пишете на info@dekorama.design.

Главните принципи на модерната еклектика:

Измешајте и спарете/mix and match, не плашете се да комбинирате парчиња од различни епохи, стилови и култури. Модерна фотелја од средината на ХХ век може среќно и задоволно да се дружи со винтиџ марокански килим, додека современа апстрактна слика може да виси над рустикална античка странична комода.

Игра со бои, модерната еклектика често прифаќа смели бои и дезени. Не бегајте од креирање на фокусна/акцентна точка со ѕид во жива боја или шарен тепих со шари. Но запомнете, рамнотежата е клучна – користете ги во комбинација со неутрални бои за рамнотежа во вашиот простор и да спречите да се чувствува преоптоварено.

Љубов кон текстури, користете различни текстури за да додадете длабочина и димензија на вашиот простор. Размислете за меки ќебенца, кадифени перници, кожни простирки и мебел од природно дрво. Интеракцијата на текстурите ќе создаде визуелно богата и привлечна атмосфера.

Лични допири, нека блесне вашата личност! Прикажете ги вашите сувенири од патувања, наследени семејни парчиња и омилени уметнички дела. Овие лични допири ќе направат вашиот простор да изгледа навистина уникатно и посебно.


Mix and match – не плашете се да комбинирате парчиња од различни епохи, стилови и култури.

Варијанти или верзии на модерен еклектичен стил

Минималистички еклектичен, рационализирајте го вашиот еклектичен микс со избирање чисти линии, монохроматски палети и блескави, живи бои во комбинација со одбрани акцнетни парчиња.

Глобален еклектичен, инспирирајте се од различни култури низ светот. Вклучете рачно изработен текстил, егзотичен мебел и уникатни артефакти за да создадете простор што се чувствува глобално и авантуристички.

Еклектика од средината на минатиот (ХХ) век, комбинирајте ги чистите линии и смелите бои на модерниот дизајн од средината на ХХ век со винтиџ парчиња и боемски допири за изглед кој е „ретро“ инспириран.

Совети за создавање модерен еклектичен простор

  • Започнете со неутрална основа, користете неутрални обоени ѕидови и мебел како платно за вашата еклектична мешавина. Ова ќе помогне да се спречи вашиот простор да се чувствува премногу пренатрупано.
  • Изберете обединувачки елемент, без разлика дали се работи за палета на бои, повторувачка шема, текстура или заеднички материјал, ако имате обединувачки елемент ќе ви помогне да ја поврзете вашата еклектична мешавина.
  • Не плашете се да (пре)уредувате, имено додека собирате парчиња, внимавајте редовно да ја уредувате, ажурирате вашата колекција. Ослободете се од сè што не предизвикува радост или не се вклопува со целокупното чувство на вашиот простор.
  • Што е најважно, забавувајте се! Модерен еклектичен ентериер стил е избор доколку сте доволно храбри за да се изразите себеси и да создадете простор што го сакате. Затоа, експериментирајте, играјте си и не плашете се да ги прекршите правилата.