Oд загушлива канцеларија до светол дом во Лисабон
Да се преуреди темниот и загушлив простор на поранешната канцеларија во пријатен дом бил предизвик што португалското студио Alarquitectos го решиле со радикално отворање на просторот и воведување на сопствен архитектонски ритам.
Со додавање двор, реорганизација на постојните површини и воведување ведри палети, создаден е светол и флуиден стан обликуван за модерниот градски живот.
Архитектите внеле нов живот во стар канцелариски простор, претворајќи го во светол, отворен и исклучително функционален дом во Лисабон. Реновираниот стан сега зрачи со боја и светлина, со комбинација на материјали што создава современа и ненаметлива естетика.


Од загушлива канцеларија до светол дом
Задачата што им беше дадена на архитектите била многу јасна – целосно да го ревитализираат темниот, загушлив ентериер со лоша вентилација. Првиот чекор бил да се отстранат сите постоечки прегради со цел да се отвори просторот и да се поврзе во целина.
Потоа архитектите додале внатрешен двор кој денес функционира како светларник, заедно со постоечкиот надворешен простор кој е реорганизиран, го осветлува станот од 150 квадратни метри и внесува воздух и дневна светлина во домот.
🚀 Ви треба инспирација, не знаете од каде да почнете?
🔧 Пробајте го нашиот Конфигуратор и започнете да создавате простор што ја раскажува вашата приказна – смело, уникатно и со душа.
Дневна зона во пастелни тонови
Станот е организиран така што дневните, „флуидни“ зони се наоѓаат напред, додека спалните соби и приватните простори се наоѓаат во задниот дел.
Ходник води до светла дневна соба отворена кон тесен балкон, а долга полица се протега по должината на еден ѕид, што визуелно го продолжува просторот, во комбинација со борови подови и мебел во нежни сиви тонови.
Кујна како кутија во боја
Од дневната соба, лизгачки врати водат кон кујната проектирана како компактна целина во длабоко сина нијанса. Од двете страни има високи кујнски елементи со метални работни плочи, додека подот е покриен со терацо. „Ја замисливме кујната како живописна фокусна точка, затоа овој кујнски бокс е така впечатливо обоен“, велат авторите. „Баравме ладни тонови што би функционирале како контраст на топлите нијанси на бор“, додаваат.



Трпезарија со излез во дворот
Покрај кујната сместена е трпезарија со дабова маса и група висечки ламби, додека дополнителен пулт и полици ја зафаќаат едната страна од ѕидот.
Природна светлина како основен материјал
Отворите кон дворот создаваат силна врска помеѓу надворешноста и внатрешноста. Голем прозорец ја осветлува спалната соба, додека кружен отвор овозможува светлината да продре во ходникот.
„Го проширивме фокусот на надворешниот простор, не само како извор на природна светлина и вентилација, туку и како продолжение на животното искуство“, објаснуваат архитектите.


Во ритамот на перфекција
Станот е дополнет со два мали работни простори сместени до дневната соба, како и бања обложена со керамика и терацо кои ја следат естетиката на надворешниот двор. Ако целта била да се комбинираат пастелни тонови, терацо и топлината на дрвото во хармоничен, проѕирен ентериер, São Sebastião 123 покажува како да се направи тоа до перфекција.
Благодарност до Порта3 за преземениот текст и фотографии.


0 comments