01
Апр

Кој сака, може да спие во поранешната канцеларија на Карл Лагерфелд

Луксузен апартман во Париз ги отвора вратите на еден од најинтимните простори на познатиот дизајнер. Неговиот поранешен работен простор е трансформиран во место за престој, задржувајќи го автентичниот ентериер од периодот на крајот на деведесеттите и почетокот на 2000-тите.

Иако многу од резиденциите на Карл Лагерфелд со години беа предмет на медиумско внимание, неговиот работен простор во парискиот кварт Сен Жермен де Пре остана помалку познат.

Токму овој простор сега е отворен за јавноста за прв пат, благодарение на платформата Highstay, која го трансформирала во луксузен апартман за престој.

Просторот од околу 250 квадратни метри ја задржал оригиналната организација и голем дел од автентичните елементи, функционирајќи како еден вид временска капсула и ентериер што изгледа речиси идентично како моментот кога Лагерфелд последен пат го користел.

Естетика на доцните деведесетти

Ентериерот на канцеларијата јасно го рефлектира периодот во кој е создаден, крајот на деведесеттите и почетокот на двеијадитите, преку заоблени форми, челични површини и „space-age“ естетика.

Полираните и патинирани метални облоги формираат вградени елементи кои му даваат на просторот футуристички карактер, без чуство на студенило.

И во овој поредуциран израз, Лагерфелд не се откажал од луксузот. Материјалите се внимателно балансирани – челикот доминира, додека темното дрво во зони како што се гардеробер и бар внесува топлина и контраст.

Размислувате за реновирање?
Закажете консултација, да разговараме за вашиот простор, материјали и реален буџет или пополнете ја формата https://dekorama.design/configurator. Без обврска.
info@dekorama.mk | www.dekorama.mk

Скалите како централен мотив

Еден од највпечатливите елементи се монументалните скали што ги дизајнирал Лагерфелд во соработка со австралискиот дизајнер Марк Њусон.

Во нивното подножје се наоѓа скулптурата „Глава во облаци“ (француски: La tête dans les nuages), што дополнително го нагласува уметничкиот карактер на просторот.


Повеќе од работен простор

Оваа поранешна канцеларија сега функционира како комплексен станбен простор и вклучува две спални соби, трпезарија, бар, како и приватен амам и сауна. Во целиот ентериер присутен е доследен визуелен јазик, со комбинација од капсулни форми и дигитални мотиви кои потсетуваат на раната фаза на дигиталната естетика.

Некогаш интимно место за работа и средби со блиски соработници, денес станува дестинација за престој и ретка можност да се доживеат дизајните на Карл Лагерфелд одвнатре.


Текстот и фотографиите се преземени од Порта3.