20
Апр

7 грешки при уредување дневна соба

Дневната соба е простор каде се случува сè — одмор, разговор, прием на гости, утринскo кафе. И сепак, токму таа е просторијата каде се прават најmnogu грешки при уредување. Не поради недостаток на вкус, туку поради навики кои изгледаат логично, а всушност работат против просторот.

01 Мебелот е прилепен до ѕид

Ова е, веројатно, најраспространетата грешка. Луѓето ги туркаат каучот и фотелите директно до ѕидовите, верувајќи дека така добиваат повеќе простор во средината. Ефектот е спротивен, собата изгледа поголема, но чувствувањето е на чекална, а не на дом.

Мебелот за седење треба да формира јасна конверзациска зона – групирана, функционална, со одреден центар (обично ниска маса). Ѕидот не е место каде мебелот „чека”, тој е позадина на простор кој живее.

ДЕКОРАМА СОВЕТ
Остави минимум 40–50 см помеѓу задниот дел на каучот и ѕидот. Просторот „дише" и ти ќе се чувствуваш подобро во него.

Ако просторот навистина е ограничен (помал стан) и каучот мора да биде до ѕид, компензирај со помал мебел со ниски ногарки, огледало наспроти и добро осветлување - визуелниот простор може да се создаде и без многу метри квадратни.

02 Тепихот е премал

Еден тепих кој е премал за просторот делува декоративно, но не го „врзува” мебелот. Честа слика: мал тепих на кој стои само кафемасата, а нозете на каучот висат над подот.

Тепихот треба да биде доволно голем за да ги опфати барем предните нозе на целата гарнитура. Само тогаш ја врши функцијата за која постои — да дефинира зона и да даде топлина на просторот.

ДЕКОРАМА СОВЕТ
За стандардна дневна соба, тепихот треба да биде минимум 200×300 см. Барем предните нозе на каучот и фотелите треба да стојат на него — тоа е минимумот за да „врзе" гарнитурата во една кохезивна зона.

03 Само едно осветлување

Едноличното осветлување го „рамни“ просторот: ги брише сенките, ја губи длабочината и ја прави собата заморна за подолг престој.

Дневната соба бара слоеви светлина:

Амбиентална — основа (таванска или скриена LED лента)
Задачна — за активности (ламба за читање, светло покрај кауч)
Акцентна — за атмосфера (spot за слика, полица или растение)

👉 Три слоја светлина = простор што има карактер и „дише“.

Дневната соба бара слоеви светлина: амбиентална (таванска или скриена ЛЕД лента), функционална (ламба за читање, ламба покрај кауч) и акцентна (светлина која е фокусирана на уметничка слика или растение). Три слоја, еден простор кој дише.

ДЕКОРАМА СОВЕТ
Идеално е секој слој да има посебен прекинувач или димер, тука се прави вистинската разлика меѓу „стандард“ и „дизајниран“ простор.

04 Нема јасен фокусен елемент

Влегуваш во соба и погледот нема каде да се задржи. Нема ѕид кој раскажува приказна, нема елемент кој ги организира останатите. Просторот е уреден, но не e паметен.

Секоја дневна соба треба еден јасен визуелен центар – камин, уметничка слика со силна рамка, ТВ ниша со посебна обработка, или едноставно добро осветлен ѕид со одбрана палета на бои и текстури. Сè друго се организира околу тоа.


Контактирајте не за бесплатна консултација — ќе разговараме за вашиот простор, вашите желби и можностите кои ги нудиме или пополнете ја формата https://dekorama.design/configurator. Без обврска.
info@dekorama.mk | www.dekorama.mk

05 Предолги завеси, или прекратки

Завесите го менуваат целиот карактер на простор, а луѓето многу ретко им посветуваат доволно внимание. Прекратките завеси кои стасуваат до прозорецот, а не до подот ја сечат висината на собата и остануваат нефункционални.

ДЕКОРАМА СОВЕТ
ПРАВИЛОТО Е ЕДНОСТАВНО. Завесите се качуваат блиску до таванот и паѓаат до подот, или со вишок од 2–3 см. кој меко паѓа на подот. Ова ја издолжува собата, дава елеганција и го засилува природното светло кога се отворени.

06 Декор(ации) без логика

Многу предмети, без поврзаност. Или, уште почесто — минималистичко уредување со страв: два вазни и ниту еден жив материјал, ниту еден личен детаљ. Декорацијата не е само „убавина” — таа е приказна за домаќинот.

Добрата логика: групирај декоративни предмети по три (различна висина, иста боена палета), бирај материјали кои се повторуваат низ просторот (дрво, рустичен метал, природно влакно) и дозволи барем еден органски елемент — растение, камен, керамика.

07 Дизајниран за фотографија на Инстаграм или Пинтерест, а не за живеење

Ова е фината грешка на „Инстаграмабилен дом”. Просторот изгледа совршено на слика, но не функционира. Нема место каде да оставиш книга. Нема лесен пристап до штекер. Каучот е прекрасен, но неудобен. Масата е скулптура, не маса.


ДЕКОРАМА СОВЕТ
Дизајнот треба да биде прво функционален, потоа убав. Секој наш проект почнува со прашањето: „Кој живее тука и како живее?", а потоа доаѓа естетиката.

Просторот што функционира добро обично не се забележува. Едноставно ти е пријатно во него. Кога дневната соба е правилно решена, нема елементи што одвлекуваат внимание или создаваат нелагодност. Сè има своја логика и баланс.

Но кога има грешки во распоредот, осветлувањето или пропорциите, се појавува чувство дека нешто „не е како што треба“ — иако не секогаш знаеш точно што.

Сега веќе знаеш каде да бараш. Ако препознаваш вакви ситуации во твојот дом и размислуваш за подобрување на просторот, можеме да помогнеме со конкретно решение.


П.С. Сите фотогрфии се од Unsplash / Free to use