Скандинавски стил во внатрешното уредување (прв дел)
Можеби наједноставната дефиниција за скандинавскиот стил во внатрешното уредување и целосно во духот на минимализмот е „наоѓање рамнотежа помеѓу функционалноста и убавината“.
Скандинавскиот дизајн е присутен во многу домови насекаде низ светов. Познат по својата едноставност, финкционалност и убавина, потекнува од Скандинавскиот полуостров и најчесто се поврзува со земјите од северна Европа – Норвешка, Шведска и Данска. Кога се зборува за сканди дизајн се мисли на доста „пристапен“ дизајн, преку производи кои се лесно достапни и физички и финансиски.
Сканди стилот во внатрешното уредување преферира природни материјали како дрво, кожа, глина, керамика, кои се користат за креирање на производи и простори инспирирани од природата. Овој дизајн цени и промовира вредности како практичност, трајност и комфор. Идејата на сканди стилот е да примените дизајн кој ќе го подобри секојдневното живеење преку избор на уникатни парчиња мебел, осветлување и декоративни производи.
Естетиката на скандинавскиот или нордискиот дизајн глобално е присутна од периодот по 1950 г, а во северна Европа сигурно и од порано. Во последно време естетиката на сканди или нордискиот дизајн е популарна и кај нас пред сè благодарение на шведскиот гигант за мебел ИКЕА (со продавниците во соседните земји Грција, Бугарија и Србија). Самиот стил е дефиниран со чисти линии, минимализам и е воздушест/лесен на изглед. Како резултат на зголемениот интерес за одржливост и екологија скандинавскиот или нордискиот дизајн повторно добива на популарност во периодот по 2000 г.
Соби дизајнирани во овој стил обично имаат бели ѕидови со цел да се истакне светлината (овие земји на север имаат долга зима и малку сонце и светлина), природни тонови и нијанси со текстури како дрво, камен, глина, некористење на теписи или килими и едноставна композиција која акцентира елегантна минималистичка естетика.
Доколку Ви треба совет за внатрешно уредување во скандинавски минималистички стил, побарајте нè.
Доколку Ви треба совет за внатрешно уредување во скандинавски минималистички стил, побарајте нè.