09
Дек

Made in Macedonia – Ана Ќортошева

Кратко твит интервју со сликарка/илустраторка/дизајнер Ана Ќортошева ex Андроска 🙂

Сликарство vs графички дизајн?

Сликарство!

Твојот уметнички процес?

Се повлекувам во ателје, комплетно се исклучувам од сè, и од таа перспектива ги создавам сликите. Имено тоа е еден интимен дијалог во кој се говори за премолчените работи. Ја барам вистината, но често е тоа само поприфатлива реалност.

Колку долго трае креирање на слика/цртеж?

Времето е ирелевантно тука. На некои слики посветувам неколку денови на некои месеци. На големите платна знам да работам и до рани утрински часови, и така со денови…Едноставно, додека работам губам осет за времето.

Процесот на креирање почнува многу порано, како идеја и сликата ја имам во глава уште пред да почнам да сликам.


За формата и бојата/боите?

Боите се емоции, а формите научените работи.

Твојата уметност и внатрешното уредување/interior design?

Претпочитам скандинавски стил на уредување.

Влијание? Кој/и уметници влијале врз твојата уметност?

Владимир Георгиевски, од професорот научив многу  додека ме подготвуваше за на академија. Се воодушевувам на Michelangelo, Rembrandt , Henri Matisse,  Joan Miró, Lucian Freud, Takashi Murakami…

Уметник/уметноста во Македонија?

Имаме одлични уметници, но не ѝ развиена културна сцена. Има табори, а јас не припаѓам на ниту еден.

Успех?

Успесите се за другите.

П.С. Повеќе за Ана може да се најде на https://fabrikafordreams.com