23
Дек

Дизајнери на ентериер што треба да ги следите на Инстаграм

Инспирација за внатрешен дизајн никогаш не недостасува. Од онлајн совети на забавните или специјализираните портали, страници на вашето омилено списание за lifestyle, па се до профили на Инстаграм на дизајнери на ентериер кои ја користат оваа мрежа за да ги инспирираат другите и да ги споделат своите последни ентериер дизајн проекти.

Покрај специјализираните платформи како Houzz, Remodelista, Pocketdoor и други не можеме да негираме дека на Инстаграм како социјална мрежа голем број на ентериер дизајнери ги објавуваат своите проекти за внатрешен дизајн. Имено некои од најдобрите дизајнери на ентериер се на Инстаграм и споделуваат увид во нивните лични простори и професионални проекти.

Инстаграм стана најдобар пријател на многу дизајнери на ентериер. Има огромен број дизајнери што можете да ги следите на социјалните мрежи, така што е невозможно да бидете во чекор со сите. Наместо да чекаат месечно или квартално за да ги прикажат своите возбудливи нови проекти, дизајнерите ги прикажуваат веднаш (во реално време) – и честопати во текот на процесот на дизајнирање.

Доколку Ви треба помош при уредување на вашиот дом во (2Д и/или 3Д/рендери) и изработка   на мебел, побарајте нè.

Без разлика дали моментално сте во процес на преуредување на вашиот дом или едноставно сакате да бидете информирани преку дневна доза инспиративен внатрешен дизајн, ние направивме листа на наши омилени дизајнери на ентериер кои можете да ги (за)следите на Инстаграм.

Ashley Hicks/Ешли Хикс (@ashleyhicks1970)

Дколку сте во потрга по софистицираност, тогаш профилот на Хикс е за вас. Волшебни и живи бои, различни текстури, голем број на видеа заземаат централно место во објавите на Ешли Хикс. Лондонскиот дизајнер ни дава увид на тоа што се случува на островот, но и на континентот.


Kelly Wearstler/Кели Верстлер (@kellywearstler)

Кели Верстлер не е просечен дизајнер на ентериер. Ако сонувате за минимализам и конвенционален стајлинг, тогаш оваа креативна девојка не е за вас. Нејзиниот профил на Инстаграм е преоптоварен со бои, форма и текстура што резултира со простори што не се слични на ништо што сте го виделе досега, а токму тоа го прави нејзиниот стил многу поинтригантен. Ако барате инспирација или охрабрување да излезете надвор од својата конфрона зона кога станува збор за ентериер, треба да ја следите Кели.


Drew Mcgukin/Дру МекГукин (@drewmcgukin)

Дали сте заинтересирани да го видите процесот пред завршувањето на проектот? Помеѓу кратките видеа и фотографиите на профилот на Инстаграм, Дру МекГукин им дава на своите следбеници увид во проекти од Вест Вилиџ на Менхетн, Њујорк како на пример ова удбоно катче за читање кое поврзува трпезариски простор и библиотека.

Вил Тејлор (@brightbazaar)

Ако сте љубител на бои, мора да го следите основачот на Bright Bazaar, Вил Тејлор. Неговите приказни на Инстаграм не потсетуваат да ја видиме убавината во секоја ситница покрај која поминуваме – домати на пазар, прекрасно сино небо, тиркизни патики наспроти сивиот тротоар и сл.

Tamsin Johnson/Тамсин Џонсон (@tamsinjohnson)

Австралиската дизајнерка на ентериер Тамсин Џонсон е заштитен знак на уникатен, електричен, но добро избалансиран стил. Нејзината работа комбинира контраст во пропорции – без разлика дали е тоа храбра употреба на уметност или скулптурална природа на парчето мебел што таа го избира. Нејзиниот Инстаграм профил е полн со примери за тоа како антиквитети, боја и допир на необичност може да се комбинираат за да се создаде уникатен, но подеднакво софистициран простор.