31
Окт

Стан во Шангај кој ја рефлектира радоста на живеењето

CEG Schwarzwald е иновативен, напреден и одржлив станбен објект, кој нуди висококвалитетно живеење во Шангај. Со овој објект одговорено е на зголемените барања на урбаното општество за здрав, мирен и релаксирачки начин на живот. Опкружени со 20.000 дрвја, високите згради со врвни станови нудат квалитетна средина за модерен семеен живот во срцето на мегаполисот. Најфините бои на животот се наоѓаат во радоста на живеењето, велат архитектите од германското биро Ippolito Fleitz Grouр за нивниот ентериер на стан во CEG Schwarzwald, кои носи соодветно име – Chromatic Spaces.

Доколку Ви треба помош при на дизајнирање на вашиот дом во современ или     модерен стил (2Д и/или 3Д/рендери)и/или изработка на мебел,   побарајте нè.

Користејќи живописни шеми на бои и јасни геометрии, проектирале ентериер за стан од 250 квадратни метри, кој се карактеризира со енергична и стимулативна атмосфера. Применетата палета на бои создава простори кои ја рефлектираат радоста на живеењето и чувството на опуштеност. По влегувањето во станот, вертикалните летви, кои потсетуваат на традиционалните кинески преклопни паравани, го филтрираат погледот на трпезаријата и позадината на хоризонтот. Веднаш, атмосферата и погледите што го одземаат здивот, ја освојуваат имагинацијата на посетителот со добро избалансиран дух на разиграна енергија и смирена природност.

Како централна комуникација во станот, кујната со транспарентно застаклување овозможува интензивно готвење без непријатни мириси. Покрај тоа, отворената структура и соседниот дел од барот ја олеснуваат интеракцијата помеѓу готвачот и другите членови на семејството или гостите. Секој од заеничките простори во станот е распореден околу кујната, со што се обезбедува директен визуелен контакт. Килим со долги влакна и конусна црвена светилка го означуваат преминот во соседната трпезарија.

Низ целиот просторот, столбови, полици и ниши формираат скулпурални волумени. Меѓупросторите што произлегуваат помеѓу столбовите и фасадата создаваат вредна зона за приватно повлекување. Меките теписи, класичниот мебел и привлечни вградени елементи овозможуваат дополнително зонирање, додека возбудливите површини и разновидните висококвалитетни материјали го засилуваат ефектот на јаките бои. Заоблените елементи, кои се наоѓаат низ целиот стан, му даваат чувство на удобност. Хармоничната играа на бои и контури пренесува совршена рамнотежа на пријатност и приватност.

Вон визуелното поле на влезот, во приватниот простор доминира погледот на метрополата. Текстурираниот темносин ѕид создава контраст и го врамува пространиот салон на впечатлив начин. Благодарение на мекиот мебел, меките теписи, деликатните завеси и рефлектирачките стаклени маси, создадено е домашно засолниште во рамки на отворена основа. Вдлабнатината на таванот во жолти нијанси го зонира просторот и го подобрува ефектот на течен премин кон надворешноста. Внимателно усогласените бои и возбудливите контрасти се повторуваат во спалните соби, каде заоблените ѕидови, рафинираните тапети во зелени и жолти тонови и мешавината на материјали создаваат пријатна атмосфера. Поставени покрај фасадата, бањите нудат фантастичен поглед на градот, благодарение на застаклувањето од подот до таванот. Металните мозаик плочки ги рефлектираат боите на хоризонтот и го оживуваат во внатрешноста. Пространите балкони на спалната соба гарантираат непречен премин кон надворешноста и на станарите им пружаат извонреден поглед на Шангај.

Благодарност до Порта3 кои ни дозволија да го преземеме текстот во целост.