„Бел лофт“ во центарот на Загреб
Хрватското биро Studio UP преобразило стан од 1930-тите години на минатиот век во центарот на Загреб, кој бил организиран за живот на самец, во дом за семејство со две деца, со методот на комплетно уривање на целиот ентериер и формирање на „бел лофт“, во смисла на простран простор без прегради, глазиран со бел цементен премаз и со делумно експонирана армирано-бетонска ребреста меѓукатна конструкција.
Ентериерот застаклен со бел цементен слој е со цел да се создаде апстрактна бела не-локална атмосфера на сатенски сјајни рефлексии. Поделбата помеѓу спалната соба и дневниот боравок е обложена со слој од дрво бреза, што делува како површина без трета димензија во бела боја, дополнително апстрахирана со употреба на огледала.
Сводот на оригиналните армирано-бетонски несовршени ребра во дневната соба е целосно изложен и автентично сведочи за инженерскиот подвиг од 1930-тите.
Темата на преградување со мембрани е подвлечена со уметнички инсталации кои го инспирираат ентериерот и овозможуваат флексибилност на просторот, па дури и „сокривање“ на градината. Станува збор за облоги и лизгачки прегради од застаклен текстил и завеси, во чија текстура, во зависност од опкружувањето, се интерпретираат годовите на фурнирот, односно карактерот на бетонот или пак со огледало се тематизира полно и празено.
Сводот на оригиналните армирано-бетонски несовршени ребра во дневната соба е целосно изложен и автентично сведочи за инженерскиот подвиг од 1930-тите. Јасниот концепт и организациската и функционалната чистота и промисленост овозможуваат секој од елементите на ентериерот да се гледа како креација сам по себе, а неминовно да се чита како компонента на мисловна и просторна целина.
Проектот е добитник на наградата Бернардо Бернарди за 2019 година за најуспешно остварување во областа обликување и внатрешно уредување, што ја доделува Здружението на хрватски архитекти.
Благодарност до Порта3 за текстот и фотографиите.