23
Фев

Ѕид од тули/цигли – спектакуларен начин да го трансформирате вашиот дом

Историја и модерност

Ѕидови од тули/цигли во внатрешното уредување стекнаа популарност кога во некои земји поранешните фабрички простории им беа дадени на „сиромашна“ категорија станари кои не можеа да инвестираат во висококвалитетни поправки и малтерисување и бојадисување.

Прашањето е како обичните тули станаа толку популарни и многу често се користат во централната просторија на домот- дневната соба?

Според некои дизајнери, ѕид од тули додава текстура, ѝ дава на дневната соба уникатен карактер и шарм. Според други во случај на постари куќи, тулите се израз на богатото историско минато на објектот, мешавина од минатото и сегашноста. За некои пак, присуството на ѕид од тули во дневната соба е манифестација на индивидуалност и елеганција, наспроти веќе здодевните и стерилни ентериери со доминација на стаклени и метални завршетоци.

Доколку Ви треба помош при на дизајнирање на вашиот простор,  (2Д и/или 3Д/рендери)и/или изработка на мебел, побарајте нè.

Денес имате можност да видите многу прекрасни дневни соби со ѕидови од тули кои ќе ве шармираат, инспирираат и ќе ве натераат можеби да го редизјанирате вашиот дом.

Оваа нова насока во ентериер дизајнот е поврзана со боемството, индустриализмот и слободата и лесно се комбинира со различни стилови (индустриски, излитена шик, модерен или винтиџ).


Циглите се природен материјал кои со својата нијанса и текстурата, му даваат неверојатна топлина на секој простор (дневна, ходник, кујна ис сл.). Покрај тоа се одличен топлински и звучен изолатор и нивното поставување е прилично лесно.

Без разлика дали станува збор за модерен простор или простор уреден во медитерански, скандинавски, винтиџ или индустриски стил, нема да погрешите доколку се решите за ѕид од цигли.

Циглите може да ги ставите во секој дел од домот – на ѕидот во ходникот, дневната соба, спалната, кујната, тоалетот, па дури и во детските соби.

Тие се одличен начин да внесете доза на стил и динамичност во домот. Во продолжение ви издвоивме неколку ентериери/дневни соби со ѕидови од цигла кои може да ви послужат како инспирација при уредувањето на вашиот нов дом.



Ѕидови од тули во мали дневни соби

Дали имате мала дневна соба? Ова воопшто не е проблем ако сакате да декорирате ѕид од тули во него. Текстурната убавина на ѕидовите од тули внесува топлина во малата дневна област и ја прави нејзината атмосфера примамлива и удобна.

Можете да ја декорирате дневната соба со цигла врз основа на два различни пристапи, кои се засноваат на вашиот личен вкус и омилен стил. Првиот пристап е еклектичен: ѕид од тули во комбинација со мешавина од различни нијанси, текстури, контрастни стилови и уникатен декор. Оваа насока бара рамнотежа и чувство за пропорција.

Вториот пристап за украсување мала дневна соба со ѕид од тули црпи инспирација од модерниот скандинавски стил. Умереноста, чистите прави линии и неутралните нијанси ќе ви овозможат да го ставите главниот визуелен акцент на ѕидот од тули.

Покрај скандинавскиот, можете да дизајнирате мала дневна соба во модерен стил, во индустриски или во винтиџ, главната работа е да следите еден стил за да не ја преоптоварите просторијата.


Индустриски стил со ѕид од тули

Ѕидо(ви) од тули изгледаат добро во ентериери од различни стилови. Но, постои стил со кој тие се идеален пар – индустриски.

Во индустриски ентериер, тулите одат добро со отворени вентилациски цевки, големи прозорци со темни метални рамки, изложени тавански греди и гломазни метални светилки. Овие компоненти се совршен сет за создавање совршена дневна соба во индустриски стил.

Во меѓувреме, тешките дрвени тавански греди заедно со ѕидовите од тули можат да послужат како одлична позадина за ентериерот во медитерански или рустикален стил.