06
Мај

Еклектичен дизајн на ентериер

Што е еклектичен внатрешен дизајн?

Еклектично внатрешно уредување се однесува на мешање на различни стилови на ентериер дизајн или кога уредувањето е под влијание на различни историски периоди. Имено, дизајнерите на ентериер користеа еклектичен стил за да се оттргнат од монотониот изглед на користење на единствен стил на внатрешен дизајн. Еклектичниот стил може да кажеме дека е alloy,amalgamation,blend,cocktail,combination,composite,fusion,mix,mixture,synthesis или mélange (на француски) од различни стилови на внатрешен дизајн за да се создаде прекрасен стилски внатрешен амбиент.

За да создаде простор(ии) согласно барањата на клиентите се прибегнува кон експериментирање, користење на различни стилови на дизајн или мешање на различни стилови на ентериер од различни историски епохи.

Доколку Ви треба помош при на дизајнирање на вашиот дом во современ или     модерен стил (2Д и/или 3Д/рендери)и/или изработка на мебел, побарајте нè.

Според Merriam-Webster.com, еclectic се дефинира како нешто преземено од многу извори. Секоја идеја или концепт што е изведен од повеќе извори е познат како еклектичен. Концептите за внатрешен дизајн брзо се менуваат со свесноста и глобалниот пристап. Се чини дека еклектичен стил на внатрешен дизајн е резултат на таков експеримент. Сè кај еклектичниот внатрешен дизајн се сведува на комбинирање на различни стилови.

Кога се појавува еклектичниот ентериер дизајн?

За првпат за еклектичен внатрешен дизајн почна да се зборува во минатиот, 20-иот век. Дизајнерите на ентериер експериментираа со задржување на историските влијанија на дизајнот, но во исто време користејќи и други дизајнерски инспирации. Движењето за еклектичен дизајн потекнува од Европа.

Зборот потекнува од грчкиот збор eklektikos што значи селективен. Еклектичен како термин првично се користел за античките филозофи кои не следеле ниту еден единствен систем на филозофија и избирале било кој систем на филозофија што им одговарал.

Еклектичен внатрешен дизајн е идеален доколку сакате да дозволите вашата личност да дојде до израз; креирање на простор(и)и и амбиент кој најмногу го отсликува вашиот карактер.

Карактеристики на еклектичен стил

Многу е интересно да се знае дека еклектичниот стил на внатрешен дизајн не следи никакви правила. Иако еклектичнот внатрешно уредување не ги следи редовните правила и принципи на внатрешен дизајн, сепак се фокусира на создавање убав простор. Еклектичен внатрешен дизајн ги следи заедничките карактеристики.

Мешани обрасци/шаблони

Една од карактеристиките на еклектичниот дизајн е спојот или мешавината на обрасци, дезени од различна природа. Комбинации на шаблони кои вообичаено не се мешаат и не се совпаѓаат со користење на одредена тема. Во еклектичен дизајн, моделите се комбинираат намерно за да се добие „фузија“ изглед.

Влијанија од целиот свет

Луѓето кои често патуваат можат сами да се обидат да креираат дом во еклектичен стил. Влијанието на различни места, културните рефлексии заедно можат да го исполнат внатрешниот простор со уникатен и креативен допир.

Мешање на стари (vintage) и нови предмети

Една од вообичаените карактеристики на еклектичниот стил на внатрешен дизајн е маестрално користење на стари и нови предмети за да се создаде визуелно задоволство.

Уникатен и изненадувачки декор

Една од работите што треба да се очекува од еклектичен внатрешен дизајн е уникатен и неочекуван внатрешен декор. Ова е главно затоа што не се следи одредена тема или стил на украсување во еклектичниот дизајн. Од палета на бои, текстури до дезени сè треба да претставува визуелно изненадување за публиката.