15
Дек

Made in Macedonia – Маја Танева

Кратко твит интервју со скулптор/сликарка Маја Танева

Скулптура? Зошто баш скулптура?

Скулптурата е магија. Тродимензионалноста отвара различни хоризонти во процесот на создавање но исто така и во процесот на набљудување. Оттука и можноста на надополнување и соработка на просторот, внатре и надвор.

Твојот уметнички процес?

Скица, припрема на материјал, моделирање, (користам дирекна моделација со челични жици) зацврстување со калај/олово или слични топечки материјали со сребрена боја, најновата серија ке биде надополнета и завршена со полиестерски постамент, како заокружена целина.

Колку долго трае креирање на скулптура?

Време траењето на создавање на една скулптура зависи од многу фактори, големината на скулптурата, спојот на материјалите од кои ке биде иработена и ред др фактори но првата проценка за галериски формат скулптура за мене е од 20 до 30 работни дена. Отплетувањето на индустриското јаже го одзима најголемото време.


Твојата уметност и внатрешното уредување?

Надополнување на приказната, нишка која не е целосна едно без друго. Чист простор надополнет со лесна но комплицирана композиција која совршено и балансирано го надополнува. Луѓето кои ја поседуваат мојата уметност во нивниот простор се живописни карактери кои знаат да уживаат во својата имагинација.

За формата и бојата/боите?

Себеси се сметам за апстрактен уметник, да инспирацијата постои од реалните објекти но секогаш е преточена во апстрактна форма. Во скулптурата ми преовладува сребрената боја, всушност сметам дека и тоа и е бојата која најмногу доминира во моето творештво. Во сликарството кое го восприемам со најголема релаксација, колоритот е застапен но повторно на сребрена основа, очигледно тоа е бојата која ме движи.

Влијание? Кој/и уметници влијале врз твојата уметност?

Најголемо влијание и автор на кој постојано се навраќам е Naum Gabo, дополнително конструктивистите скулптори од тој период. Инспиративни жени вајарки на чија приказна се воодушевувам Janet Echelman and Barbara Hepworth.

Уметник/уметноста во Мк?

Проф. Ангеле Нацевски

Успех?

Успех е да се има мир.

П.С. Повеќе за Маја може да се најде на https://www.majataneva.com