25
Сеп

Микродомување во Сплит

Сплитското проектантско биро „Prostorne Taktike“ добило проектната задача да направи целосна реконструкција на гарсоњера во Сплит со површина од 31 квадратни метри.

Целта била со прецизно проектирање да се претвори светла гарсоњера со димензии 9,60 на 3,25 метри во еднособен стан за тричлено семејство. Со проектното решение максимално е искористена двостраната орјентација на станот, па така од север кон југ нанижани се просторите на спалната соба, бањата, дневната соба и кујната, поставена на самиот југ под голем отвор со поглед на градот и брачкиот канал.

Проектантите од “Prostorne Taktike” ја трансформираа оваа гарсоњера во светол стан за тричлено семејство, креирајќи една чиста сина кутија за спалната соба и бањата и искористувајќи ги белите површини за подобро осветлување и просторност.


Собата и бањата се кондензирани во геометриски јасна и чиста сина кутија што е во контраст со останатите бели површини во станот. Белата полурефлектирачка боја на ѕидовите, таваните и подот ја привлекува дневната светлина длабоко во просторот, што го прави поудобен за престој. Со компресирање на повеќе функции на станбениот просторот внатре во еден столарски предмет, во голема мера се задржува просторноста ограничена со затечениот габарит на станот.

Благодарност до Порта3 за текстот и фотографиите.