26
Ное

Три совршени стана за ергени

Индустрискиот стил во дизајнот никогаш не бил попопуларен. Проектирање ентериери во овој стил е мошне застапено во последните години, не само кога се работи за деловни простори, ресторани и кафе-барови, туку и за простор за живеење.

Неретко поранешните фабрики и магацини често се трансформираат во простор за домување, а токму овие простори поседуваат неколку суштински елементи за создавање индустриски стил во ентериерот, како што се ѕидови или подови од бетон, ѕидови од тули, видливи цевки, метални полици, висечки лустери и рефлектори.

Трите стана во продолжение користат различни елементи и креираат разновидни ентериери кои сепак го имаат истиот стил. Затоа, без разлика дали веќе имате сличен простор што треба да го опремите или сакате да го преуредите вашиот стан и да внесете урбан стил во него, овие ентериери сигурно ќе Ве инспирираат.

Урбан ергенски стан

Главната дневна зона на овој стан е опремен со ефектни елементи како што се полици направени од бакарни цевки кои го врамуваат телевизорот и интересни подни светилки чиј дизајн е инспириран од стариот Холивуд. Подот од светло дрво одржува рамнотежа со претежно темниот мебел – во црна и кафена боја.


Кожен тросед Chesterfield и дрвен ковчег во функција на маса, доминираат во централниот дел на дневната зона во рамки на која се наоѓаат и домашна канцеларија и отворена кујна. Расвета во индустриски стил виси над кујнскиот остров и работната маса и доловува топла атмосфера во просторот.

Во ходникот се повторува елементот од дневната соба: мебел од цевки, во случајов во форма на закачалка и полица за обувки.

Доколку Ви треба помош при на домот во индустриски стил (2Д и/или 3Д/рендери)и/или изработка на мебел (кревет, шкаф, работна маса и сл.), побарајте нè.


Дизајн инспириран од стилот на 70-тите и 80-тите години

И овој стан исто така е во индустриски стил, со тоа што неговиот дизајн е инспириран од стилот на 70-тите и 80-тите години. Дневната соба нема голема површина, но тоа го компензира со шармантен стил.



Централниот дел го завзема кожна гарнитура за седење со практична маса направена од рециклирано дрво што лесно се поместува благодарение на тркалата. Изложената тула е важен елемент во овој стан и остава силен впечаток.



Кујнските елементи од нерѓосувачки челик одлично се вклопуваат во индустрискиот стил на станот и и даваат на кујната модерен карактер.

Лизгачката врата која ги дели дневната и спалната соба е всушност рециклирана врата од контејнер за складирање. И во оваа просторија ѕидот е од тула, но обоен во бело за почист изглед. Поради малата површина на просторијата, просторот под креветот искористен е за складирање.

Елегантен машки стан

Овој стан има два елементи од индустриски стил – тула и бетон, но за разлика од претходните станови, тој е многу потемен. Бетонскиот плафон и подот од темно дрво и даваат различни текстури на просторијата, но го задржуваат истиот машки карактер. Тулата е во потемни нијанси од стандардната, што може да претставува предизвик во стан со различен стил, но сепак е сосема погодна за индустрискиот. Во темата одлично се вклопува и жичената врата, која подеднакво лесно можеме да ја замислиме во некој магацин и во стан за урбан млад човек.

Во ходникот можеме да видиме интересно решение за чување велосипед, кое ја разбива темната палета со својата жолта боја.

Чистите линии прават спалната соба да изгледа елегантно и хармонично. Истиот впечаток го остава и бањата, која својот софистициран и сериозен изглед го должи на употребата на нерѓосувачки челик и црни плочки.

Благодарност до Порта3 кои ни дозволија да го преземеме текстот во целост.