30
Ное

Јапонски ентериер дизајн

Најголемо влијание врз јапонскиот ентериер дизајн е минимализмот кој се фокусира на „зен“ ентериер. Идејата е да се создаде перфектна рамнотежа помеѓу расположивиот простор и мебелот. Концептот Ма е креирање на чисти, средени простори(и) кои помагаат во креирање на удобен дом како за сопствениците, така и за посетителите.

Карактеристики на јапонскиот стил во домот

Најважниот услов за уредување на дом во јапонски стил е слободен простор. Луѓето кои малку се запознаени со источната култура се изненадени од „празните“ простори на ваквите куќи.За да се постигне тој ефект, целиот мебел, облека, апарати за домаќинство треба да се скриени во вградени плакари во ѕидовите. Движењето и леснотијата се важни за јапонскиот ентериер, лизгачки прегради „шоџи“ од свила или хартија на дрвена рамка се користат наместо ѕидови.

Шоџи се јапонски прегради/панели лизгачки направени со дрвена рамка и проѕирна хартија или свила. Шоџи панелите се користат наместо прозорци, врати и ѕидови. Тие обезбедуваат флексибилност во конфигурациите на собите и овозможуваат природна дифузна светлина во собите, а исто така обезбедуваат и приватност."

Битен момент на кој треба да се посвети внимание е користење на светлината. Oсветлувањето ја нагласува хармонијата и спокојството на јапонскиот ентериер. Просториите на куќата никогаш не треба да се исполнети со јако сонце. За да навлезе само бледо/слабо осветлување, се користи проѕирната хартија на преградните ѕидови. Исто така, во јапонскиот ентериер често се користат традиционално украсени фенери Акари направени од бамбус и оризова хартија. Направени со користење на вековни јапонски занаетчиски техники, овие култни фенери со нивната едноставност и пристапна цена се присутно во речиси секој јапонски дом.

Јапонската куќа/дом е само продолжение на природата. Имено повеќето или дури и сите парчиња мебел се направени од природни материјали, а нагласена е нивната природна убавина. Како резултат на тоа, во внатрешноста доминираат темни и светли топли бои на дрво, како и нијанси на природен камен. Обликот на мебелот е што е можно поедноставен и без украсни елементи.

Доколку сакате да се обидете со јапонски минимализам во домот, имајте на ум дека бенефитите најдобро ќе се почувствуваат доколку го аплицирате целосно (во секоја соба). Имајќи ја во предвид македонската традиција на „нефрлање“ и/или „остави го ќе се најде“, примена на минимализам во внатрешното уредување во Македонија е навистина предизвик. Некои соби може полесно да се уредат во минималистички стил отколку други.

Доколку Ви треба помош при уредување на домот во јапонски минималистички   стил (2Д и/или 3Д/рендери)и/или изработка на мебел (кревет, шкаф, работна  маса и сл.), побарајте нè.

Сепак, за да се почне со минимализам  во домот неопходно е да се направи смел чекор и да се подарат или фрлат некои работи (парчиња мебел, украси и слично).  Секоја соба ви дава прилика да се ослободите од работи кои не се користат редовно или воопшто не ги користите и ги чувате од сентиментални причини или од навика.


Спална соба

Идејата е да се остави просторот да дише, а истото се однесува и на мебелот во него. Исто така битно е да не се фокусирате на детали и совршеност. Овој стил подразбира ваби саби, наоѓање убавина во несовршеноста на пример ниска масичка од природно дрво која ги содржи во себе принципите на асиметрија, грубост, едноставност, скромност и почит кон природата. Дискретен и суптилен дизајн во спалната соба ќе креираат смирувачка атмосфера и место идеално за добар сон. За да се креира смирувачки момент „less is more“, потребно е да се изберат малку парчиња мебел, изборот на боите е во насока на користење на природни тонови (светли бои, природни материјали чија текстура не секогаш е во линија). Обидетете се со бела или/и крем и материјали како бамбус, кожа, памук итн.

Што се однесува до поставување на уметнички дела, идеално би било да се неутрални или апстрактни слики, минималистички фотографии со едноставни линии и композиција.

Кои се предностите од користење на овој стил во вашата спална соба:

  • Простор кој Ве смирува
  • Простор кој евоцира добри спомени
  • Простор кој зрачи со удобност, присутност и убавина
  • Подобар сон
  • Подобар секс

„ваби саби е наоѓање убавина во несовршеноста на пример ниска масичка од природно дрво која ги содржи во себе принципите на асиметрија, грубост, едноставност, скромност и почит кон природните материјали и сили..”