Култни парчиња мебел (кои речиси секој би сакал да ги има)
Модел: Модел Б3 столица/B3 Chair
Дизајнер: Marcel Breuer
Година: 1925
Позната е уште и како Васили столица, бидејќи дизајнерот направил дупликат од оригиналот за познатиот уметник Васили(ј) Кандински. Brueur возејќи велосипед дошол на идеја за оваа столица . Цевките кои ја формирале рамката и гиданот на велосипедот, му дале идеја дека поради флексибилноста може да се искористат и за креирање на мебел. Оттаму и елегантната рамка на Б3 која изгледа како дух на пренаполнета столица за џентлмени.
Модел: ЛЦ4 лежалка/LC4 Chaise Longue
Дизајнери: Le Corbusier, Pierre Jeannerret, Charlotte Perriand
Year: 1928
Le Corbusier ја нарекол LC4 лежалката “машина за релаксирање.” Направена е со тоа што корисникот е ставен во центар на модерните дизајнерски принципи, со други зборови и геометријата и материјалите на LC4 се дизајнирани со една мисла: максимална удобност.
Модел: Столица 60/Stool 60
Дизајнер: Alvar Aalto
Година: 1933
Столицата на Алто изгледа доста едноставно, направена само од три ногарки и едно кружно седиште кое ги спојува. Алто барал начин да го избегне долгиот процес на спојување на дрвото под прав агол. Така дошол на
идеја да го свитка самото дрво, за што најпогодна се покажала финската бреза со што е родена цела нова техника на работење со дрво.