02
Дек

Јапанди стил на внатрешно уредување

Јапанди како хибриден тренд ги спојува будистичката филозофија за наоѓање убавина во несовршеноста и данската потрага по пријатни задоволства (комбо од ваби-саби и хиге). Резултатот → зен дом. Имено, овој стил на внатрешно уредување е комбинација на скандинавска функционалност и јапонскиот рустикален минимализам со цел да се создаде чувство на пријатност, природа и едноставност. „Оваа фузија создава совршен спој на функционалност/практичност и форма, фокусирајќи се на чисти линии, светли простори и светли бои.

Јапанди подразбира изобилство на природни материјали, пригушени бои, чисти линии и минимален, но внимателно селектиран мебел. Декорот е во неутрални бои (смирувачки, спокојни и мирни палети); ако се вметнуваат посветли бои, тоа треба да е смислено и суптилно.

Доколку Ви треба помош при уредување на вашиот дом во Јапанди минималистички стил   (2Д и/или 3Д/рендери) и изработка на мебел, побарајте нè.

Слободно може да се каже дека Јапанди го спојува најдоброто од две различни страни на земјината топка – Скандинавија и Јапонија, во една смирувачка фузија наречена Јапанди или сканди-јапонски стил.


И покрај тоа што станува збор за мешање на два стила (минималистички функционален дизајн??), сепак во праксата овој тренд на внатрешно уредување функционира перфектно. Скандинавскиот стил ја носи едноставноста на архитектонските линии и пријатниот, неизвалкан декор, додека јапонскиот стил е смирувачки, елегантен минимализам.


Клучни елементи на Јапанди се:

  • Чисти линии.
  • Функционален минимален мебел.
  • Среден простор.
  • Природни материјали.
  • Комбинација на контрастни бои како бисер сива, небесно сина, природно дрво во темна и светла сенка, навестување на црна, бледо розова и бела боја.
  •  Функционален декор.

Како да креирате јапанди ентериер во домот?

Едноставни и чисти линии


Обидете се да внесете едноставни и чисти линии во домот. Меѓутоа, оваа едноставност е малку поинаква од онаа применета во модерниот стил. И во јапонскиот и во скандинавскиот стил на дизајн, едноставноста е центар на човечките потреби. И, бидејќи ова е „минималистички“ стил, чистите и елегантни линии се присутни во мебелот и декорот. Функцијата и леснотијата на користење се многу важни кога ќе го оживеете овој стил, па затоа неопходен е ненатрупан простор со едноставен, минимален стил. Уметничките дела имаат тенденција да бидат апстрактни, а ако има шаблони, тие имаат тенденција да бидат флуидни и повторувачки, за да не го заземат просторот или да не отскокнуваат премногу.

Палета на бои

Топла и неутрална палета на бои е присутна во секој ентериер во јапанди стилот. За разлика од користење на исклуливо бела боја кај скандинавскиот тил, овој стил работи на пригушени бои и природни нијанси, како кафеава и беж. Сивата и црната боја се исто така прифатливи, доколку целта е да се создаде подраматично расположение. Јапанди е совршена фузија меѓу светлата и студената/ладна шема на бои во скандинавски стил и топлата и природна палета карактеритична за јапонски ентериери. Може да најдете и поладни нијанси на пригушена розова, сина и зелена боја, во комбинација со земјени детали и дрвени елементи.

Средување на нередот + минимализам

Јапанди ентериерите се едноставни и функционални. Во дом уреден во Јапанди стил секој предмет има своја намена, нема простор за бескорисен декор и тракатанци. Парчињата мебел се избираат внимателно, имаат чисти и минималистички линии и прилично се ниско поставени до земјата.

Декоративните елементи се минимални, и вообичаено тоа се растенија, стаклени садови, книги и/или рачно изработена керамика. Ѕидната уметност е исто така сведена на минимум, апстрактни слики, јапонски мотиви или некој идиличен пејсаж.